Усови и правила за купување на веб страницата на www.divakozmetika.mk
Цените на сите производи на www.divakozemtika.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
ДИВА КОЗМЕТИКА ДОО го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, од понудата на ДИВА КОЗМЕТИКА ДОО. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ДИВА КОЗМЕТИКА ДОО има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обештетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
